Дизајнот не е единственото што го нуди Смарт Медиа. Во наша сопственост имаме три енигматски магазини, „Лавиринт“, „Лавиринт Сканди“ и „Лавиринт Судоку“, како и информативниот интернет портал „Ден.мк“

Лавиринт

Енигматскиот магазин Лавиринт е првиот производ на Смарт Медиа. Излегува еднаш месечно, на 52 страници, со просечен тираж од 5.000 примероци, а е дистрибуиран на територијата на целата држава.
Се издвојува од останатите енигматски магазини со тоа што има најголем број на скандинавски крстозбори, различни видови на судоку загатки, но и едукативни содржини. 

Лавиринт Сканди

Лавиринт Сканди е месечен енигматски магазин кој излегува еднаш месечно, секој први во месецот. Подготвен е на 52 страници, со просечен тираж од 5.000 примероци и исто така се дистрибуира на територијата на целата држава.
Овој магазин излегува од 2021 година, а е специјализиран за скандинавски крстозбори.
И во Лавиринт Сканди, како и во Лавиринт, отстапуваме простор на едукативни теми, а ви ги нудиме и најдобрите рецепти како и најнови месечни вести од областа на филмот и киното.

Лавиринт Судоку

Лавиринт Судоку е нашиот двомесечник, во кој има најголема понуда на судоку загатки. Излегува на 52 страници, со просечен тираж од 5.000 примероци и може да се најде на сите продажни места во Македонија.
Сите загатки во Лавиринт Судоку се со бројки, а ги има речиси сите видови на судоку кои постојат.
Лавиринт Судоку нема отстапено простор за текстови, но едукативниот дел не е изоставен ниту од овој магазин – Информативните факти се поставени на неколку страници под судоку загатките.
Лавиринт Судоку за кратко време го презеде лидерството пред сите судоку магазини во земјава.

Ден.мк

Информативниот портал Ден.мк излегува од 2018 година, но од основањето на Смарт Медиа, тој е дел од нашата комапнија.
Следејќи ја нашата визија за коректно информирање, на него се објавуваат мал број на вести, но секогаш непристрасни, проверени и точни информации. Она што го разликува нашиот информативен медиум од останатите е токму во непристрасноста, ексклузивноста и точноста на објавените информации. Лицето на медиумот се искусни и докажани новинари кои работеле во најголемите македонски медиуми. Порталот е специјализиран за истражувања и анализи, па токму затоа мал дел посветуваме на дневните вести, кои во денешно време се достапни насекаде.