Вродпрес е засега најпопуларниот систем кој е инсталиран од страна на над 75 милиони корисници. Вордпрес е бесплатен за инсталирање и апдејтирање, што исто така го прави најлогичен избор кога некој се одлучува да гради свој веб сајт.

Смарт Медиа ви нуди неколку причини зошто токму Вордпрес треба да биде првиот избор за нашите клиенти:

1.Најпопуларниот CMS во светот

Вордпрес го држи бројот 1 во „Content Managemant System“ пазарот, задржувајќи дури 59% од сите корисници во светот. Седум отсто припаѓаат на Јомла, пет проценти на Друпал, додека пак 29 отсто од корисниците користат друг CMS систем.

Wordpress Market Share

2. „Open Source“ со простор за проширување

Вордпрес може да биде и самохостирачки систем, па нема никакви трошоци за негово симнување, инсталирање и апдејтирање. Има над 50 илјади плагини за Вордпрес (најголем број се бесплатни).

Тимот од веб дизајнери на Смарт Медиа на своите клиенти освен обработка и целосна подготовка на веб сајтот, им нуди и обука за користење на Вродпрес, кој пак е многу лесен за понатамошно користење.

3. Високо прилагодлив за голема флексибилност

Вордпрес е популарен бидејќи ги пресретнува барањата на корисниците со фелксибилните рамки, што им овозможува на дизајнерите и развивачите да создаваат и модифицираат распореди и апликации.

Нашиот тим има искуство во проширување на функционалноста на Вордпрес, како и вклучување широк спектар на приклучоци, за да се исполнат уникатните побарувања на нашите клиенти.

4. Дизајниран за сите, не само за девелоупери

Пред да стане популарен CMS за развој на веб-страница, Вордпрес беше развиен за блогери со нетехнолошко познавање. Значи, повеќето од компонентите на корисничкиот интерфејс се лесни за употреба и има достапни напишани и снимени прирачници за лесно учење како да се користат неговите функции.

Нашиот тим се справува со сите комплексности при поставување и прилагодување на вашата веб-страница; сè што треба да направите е да ја ажурирате содржината на страници, објави, додатоци, итн.

5. Пониски трошоци за поставување и одржување

Вордпрес има ниски трошоци за поставување и одржување во споредба со другите системи, како Друпал и Јомла. Дополнително, релативно е полесно да се најдат дизајнери и развивачи на Вордпрес ако е потребно повеќе прилагодување или развој во иднина. Вие не сте заглавени на статична веб-страница или сопственички CMS што е скапо да се измени по првичниот развој.

Вордпрес може да биде брза победа за подобрување на искуството на клиентите.

Контактирајте нѐ денес за да дознаете повеќе.