Кога ќе го слушнеме терминот графички дизајн, сите од не асоцира на различни работи. Понекогаш, првата помисла е веб дизајн и мобилни апликации, некои пак, размислуваат на визит карти и брошури, а некои на идентитет на бренд и дизајн на пакети, ќеси и слично. Бидејќи графичкиот дизајн како комуникаиска вештина се фокусира на интерпретација на пораката која се испраќа, може да биде физички, дигитален или пак нешто измеѓу.

Во денешницата, графичкиот дизајн е интегриран дел од секој бизнис. Тој ига многу важна улога преку комбинирање на технологијата, естетиката и креативното размислување, преку што се испраѓа порака која останува во умот на публиката. Каде и да погледнете, ќе видите дизајн насекаде – од кутијата во која е сместен лебот, па се до процесот на закажување на престој за одмор.

Но, има едно нешто што треба да се нагласи – Секој вид на графички дизајн бара специфичен сет на дизајнерски вештини и техники, па затоа многу дизајнери се специјализирани на различен вид дизајн.

Во прилог, ви прикажуваме осум различни видови на графички дизајн, со цел полесно да се разбере што дизајнерите работат, но и да ви помогнеме да изберете вистинскиот дизајнер за тоа што го барате.

1. Визуелен идентитет

Секој бизнис, од најмал до најголем, има различна приказна која сака да ја раскаже. Со цел публиката да дојде до нивната приказна, постои идентитет на брендот. Графичкиот дизајн во делот на визуелен идентитет е токму тоа: Визуелните елементи од логото, кое е лице на брендот да комуницира со нематеријалните квалитети преку слики, форми и бои. Дизајнерите кои изработуваат лого, го прават она што потоа го презентира вашиот бизнис.

Идентитетот на брендот потоа станува дел од визит картите, мемурандумот и слично, па дизајнерите често развиваат сет на визуелно брендирање кое најдобро го опишува и обезбедува примерот како ќе се брендира некој производ.

Дизајнерите кои се занимаваат со визуелна идентификација мора да имаат генерално знаење од сите видови на графички дизајн, со цел да креираат елементи кои се перфектни за секакви видови на визуелни медиуми. Тие исто така мора да имаат добро знаење од комуникации, концепирање и креативни вештини, како и страст кон истражување на иднустриите, трендови во организациите и конкурентите. Тие најчесто имаат вештини со маркетинг дизајн затоа што, кога креираат визуелен идентитет, тие мора секогаш да имаат предвид како тоа подоцна ќе се вклопи во рекламирање на производот.

2. Маркетинг графички дизајн

Рекламите се секаде околу нас. Тие се појавуваат на ТВ екраните, на полиците во продацниците и насекаде каде што еможно на јавните места. Резултатот на секоја добра реклама е секако, продажбата на производот кој се нуди на пазарот. Но, дали некогаш сте се запрашале колку време е потребно за да се направи успешна кампања и да се направи реклама која перфектно ќе ја трансмитира приказната на производот? Не зборуваме за часови, туку денови, а понекогаш и месеци на развивање идеи, истражување на навиките на потрошувачите и визуелната креација.

Токму затоа, маркетинг графичките дизајнери мораат да имаат одлична комуникација, менаџерски вештини, како и вештини за решавање на проблемите веднаш. Тие мораат да бидат запознаени со продуктите и брендот, како и со навиките на нивната таргет група.

Дизајнерите кои креираат реклами не се само талентирани и креативни дизајнери, тие исто така мораат да знаат како успешно да продадат производ и да влезат во умот на потрошувачите. Тоа значи дека тие треба да работат со сопствениците на компании, директори, менаџери или пак маркетинг професионалци со цел да креираат меркетинг стратегија.

Макретинг дизајнот се дели помеѓу дизајн кој се распределува во печатени медиуми, билборди, флаери, каталаози, односно во сите печатени материјали, но и дигиталниот маркетинг, кој го гледаме на телевизија, на нашите телефони како банери, видео реклами, промоции на социјалните мрежи, но и рекламите кои ги слушаме на радио.

3. Веб дизајн

Веројатно сте слушнале за UI и UX, но не знаете што тоа точно значи. UI – „User Interface“ е тоа како корисникот комуницира со апликацијата. Овој дизајн е процесот кој ги прави апликациите и веб страните лесни за корисниците. Тоа исто така вклучува се со што корисникот комуницира – Екранот, тастатурата, глувчето – но во контекст на графички дизајн и се фокусира на визуелното искуство на корисникот. UI дизајнерот е специјализиран за десктоп апликации, мобилни апликации, веб апликации и игри. Тие работат заедно со UX „User experience“ дизајнерите, кои утврдуваат како апликацијата ќе работи, додека пак UI дизајнерите се оние кои го пишуваат кодот, кој ги прави апликациите функционални.

Бидејќи индустријата на мобилните телефони се развива брзо, компаниите се сконцентрирани на изнесување на нивната содржина преку апликации. Со добар дизајн на мобилна апликација, не само што правите продуктот да изгледа убаво, туку градите и врска помеѓу апликацијата и корисникот. Работата на веб дизајнерите е исто така изработка на веб страни, кои во денешно време се нераскинлив дел од секој бизнис.

4. Дизајн на публикации

Овој тип на дизајн опфаќа голема гранка на работи кои се печатат, како книги, весници, магазини, каталози и многу други работи. Овие дизајнери работат со уредниците и издавачите за да креираат распоред со винамтелно избрана типографија, како и уредување на фотографии, графики и илустрации. Дизајнерите мора да имаат одлични организациони и комуникациски вештини.

5. Графички дизајн на пакувања

Пакувањата имаат двојна улога, да го сочуваат продуктот додека да се дистрибуира и продаде, но и како комуникација со консумерите, што го прави екстремно вредна маркетинг алатка. Овие дизајнери креираат концепт, развиваат макети и прават фајлови кои се спремни за печатење на пакувањето.

Ова бара експертско знаење на процесот на печатење и знаење од индустриски дизајн и производство. Дизајнерите на пакувања исто така мораат да ги следат трендовите на конкурентите.

6. Видео графички дизајн

Графичките дизајнери кои прават кратки анимации, но и целосни видео реклами за продуктите ја прават целосната слика на продуктот и она што компаниите го нудат преку кратки видео материјали. Освен за маркетинг цели, анимациите се користат и во видео игри, апликации, банери, анимирани текстови и многу повеќе.

Овој назив за графички дизајнери е релативно нов, но може да се најде насекаде низ дигиталните платформи кои имаат волја да креираат нови области и можности.

Најчесто, овие дизајнери прават и 3Д графички дизајн, кој станува се поактуелен. Овие дизајнери покрај за фотографии, се специјализирани и за осветлување, ефекти и анимациски техинки на видеа.

7. Илустрации за графички дизајн

Има разлика помеѓу графички дизајнери и графички уметници. Графичките дизајнери креираат композиција која ги решава проблемите, додека пак графичките уметници креираат огринални уметнички дела. Графичките уметници креираат дела со кои соработуваат со писатели, уредници, менаџери, маркетинг директори во сите видови на графички дизајн. Нивните вештини прават целосна слика која прави перфектен производ, комбиниран од графичките дизајнери и графичките уметници.

Дизајнерите на Смарт Медиа ги употребуваат сите видови на графички дизајн, со што вашата комапнија добива целосна идентификација. Нашите дизајнери се посветени на своите соработници да им го доловат секој дел од она што тие го нудат на пазарот преку визуелизација на производот и на компанијата.

Доколку имате потреба од современ дизајн и професионална соработка, контактирајте не: contact@smartmedia.mk